info@gradinkanegotino.com.mk
+389 43 361 652

ДОБРОДОЈДОВТЕ
ВО НАШАТА
ГРАДИНКА

ЈУОДГ,,Фемо Кулаков,,Неготино

Има многу звезди кои се чисти, сјајни, блескави – тоа се нашите деца.
Има едно чувство на бескрајна љубов – тоа е грижата за децата.
Има една визија кон која се стремиме – тоа е подобра иднина на нашите деца.
Има еден пат по кој треба да се оди – тоа е патот на детското срце.

Актуелно

Професионални заедници за учење

Современи тенденции

Основи на програмата за социјална кохезија и културен дијалог

Дружење, игра, забава - галерија слики и видеа од важни настани во текот на годината

Играта е забавно средство преку кое децата најлесно учат за себе

GREELCO,  значи Зелена заедница за учење,
 Проект е  на Европската унија
Еразмус+ кој вклучува партнерство од 11 организации – од кои осум се детски градинки.
                 Зошто GREELCO
Неодамнешното искуство со пандемијата COVID-19 резултираше со „професионална изолација“ на многу практичари, бидејќи можностите за меѓусебно поврзување и споделување на практиките се значително намалени.
Исто така, откри дека треба да се зајакнат дигиталните вештини на
професионалците. Комбинацијата на овие два фактори ја инспирираше идејата за создавање плодна меѓународна размена која би можела да допре до поголем број
заинтересирани практичари преку виртуелни студиски посети.
                     Главна цел
Општата цел на GREELCO е да создаде онлајн заедница за учење која ги поврзува професионалците од ECEC и им нуди можност да ги подобрат своите дигитални компетенции, да ја споделат својата експертиза, како и да размислуваат и да ја подобрат нивната практика.
        Како GREELCO ќе го направи ова?
Проектот најпрво ќе ги зајакне професионалците за образование и грижа за раното детство во областа на дигиталните компетенции со тоа што ќе им овозможи на професионалците во градинките од осум земји да развијат збир на видеа во кои ќе ги претстават своите институции и педагошки практики. Ова ќе и
овозможи на секоја градинка да организира виртуелна студиска посета за размена на искуства и размислување за практиката со други професионалци во градинките.
Видеата и виртуелните студиски посети ќе бидат достапни за другите
професионалци за образование и нега во раното детство на дигиталната платформа GREELCO, која ќе биде достапна наскоро.
                   Кој е вклучен?
Институт за образовни истражувања (ЕРИ), Словенија – член на ISSA
Грчки отворен универзитет (HOU), Грција
Меѓународна асоцијација чекор по чекор (ISSA), Холандија
Детски градинки:
Елмер, Белгија
Mateřská škola Шестајовице, Чешка
Tartu Lasteaed Pääsupesa, Естонија
Pitypangos Közösségért Alapítvány, Унгарија
ЈУОДГ Фемо Кулаков, Република Северна Македонија
Granidita CU Program Prelungit бр.22 Ботошани, Романија
Предшколска установа „Чукарица“, Србија
Вртец Блед, Словенија
 
 
GREELCO, which stands for Green Learning Community, is an Erasmus+ European Union project involving a partnership of 11 organizations — eight of which are kindergartens.
                   Why GREELCO
The recent experience with the COVID-19 pandemic has resulted in the “professional isolation” of many practitioners, as the possibilities for mutual connection and sharing of practices have been greatly reduced. It also revealed that the digital skills of professionals need to be strengthened. The combination of these two factors inspired the idea of creating fruitful international exchanges that could reach a larger number of interested practitioners through virtual study visits.
                           Main goal
GREELCO’s overall goal is to create an online learning community that connects ECEC professionals and offers them the opportunity to improve their digital competencies, share their expertise as well as reflect and improve their practice.
             How will GREELCO do this?
The project will first empower early childhood education and care professionals in the area of digital competencies by enabling kindergarten professionals from eight countries to develop a set of videos introducing their institution and pedagogical practices. This will allow each kindergarten to organize a virtual study visit to exchange experiences and reflection on practice with other kindergartens professionals.
The videos and virtual study visits will be accessible to other early childhood education and care professionals on the GREELCO digital platform, which will be available soon.
                     Who is involved?

ДЕТСКИ ПРАВА

home-1_section_01_2
home-1_section_01_1
ddfd
home-1_section_01_1

Зошто е важен предучилишниот период?

Раното детство е најкритичната фаза од човечкиот развој. Тоа започнува пред раѓањето, кога се формираат телото и мозокот на детето, па преку раното детство кога се воспоставуваат клучните врски и се постигнуваат клучните развојни процеси, сè до предучилишната возраст и преминот во раните одделенија во училиште.

Повеќе истражувања го потврдуваат она што секој родител може да го забележи – дека ова е период на брз физички и ментален раст и промена, децата учат да се движат, комуницираат и да имаат интеракција со светот и да развијат чувство на личен и културен идентитет. Раното детство ги нуди најголемите можности за позитивен човечки развој но е исто така и периодот кога децата најмногу се изложени на ризик. Негативните влијанија на детскиот развој за време на раното детство може да се непоправливи.

Детската градинка е најповолна средина каде се случуваат позитивните интервенции во раното детство имаат најдобар ефект кога на едно место се спојуваат различни сектори како исхрана, здравје, образование и поддршка за родители.

Што нудиме ?

БЕЗБЕДНА СРЕДИНА

КРЕАТИВНИ СТРАТЕГИИ

ИНКЛУЗИЈА

СОРАБОТКА СО СЕМЕЈСТВО

БЕЗБЕДНА СТИМУЛАТИВНА СРЕДИНА ЗА ИГРА И УЧЕЊЕ

Средината за игра и учење има исклучително влијание врз когнитивниот, социјалниот, емотивниот и психичкиот развој на детето. Со креирањето на физичка и психолошки безбедна средина, која располага со разновиден материјал, задачи и ситуации прилагодени на развојот на детето, воспитувачот го поттикнува учењето низ самостојно и групно истражување, преку игра и интеракција меѓу децата и возрасните. Овозможувајќи секое дете да се чувствува добредојдено, воспитувачот гради и одржува атмосфера во која секој поединец е почитуван и секое дете е важен дел од средината. Кога на децата ќе им се понуди сигурна средина која одговара на нивните специфични потреби, тие ќе бидат мотивирани да работат заедно, да се вклучат во различни активности и да научат да бидат иницијативни. Безбедната стимулативна средина во нашата градинка и изворите од неа се подеднакво значајни компоненти во процесот на раното учење и развој.

 

КРЕАТИВНИ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ ЗА УЧЕЊЕ И ИГРА

1185156

Тргнувајќи од тезата дека учењето се случува на разни начини и во разни ситуации, крајната цел на воспитно-образовниот процес е  да се постават високи, но сепак реални очекувања за секое дете и да се поттикнува љубопитноста, истражувањето, критичкото размислување и соработката, така што секое дете ќе може да развие афинитети и вештини за доживотно учење.

Стратегиите и техниките кои ние ги користиме се насочени кон поттикнувањето и развој на вештините кои се неопходни за децата да станат самостојни, да се негува емпатијата, да се осознава самопочита, да бидат самокритични, да водат грижа за другите и да ги почитуваат разликите. Преку играта и учењето ги поттикнуваме децата да размислуваат, да поставуваат проблем и самостојно да доаѓаат до решение.

ИНКЛУЗИЈА, ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ

ghfgh

Овозможуваме секое дете и семејство, особено оние кои се дел од ранливите групи, да бидат вклучени, почитувани и вреднувани, да партиципираат, да растат и се развиваат во средината која им ја нуди нашата градинка. Воспитувачот преставува модел на однесување преку секојдневните активности во насока да ги почитуваат и вреднуваат разликите и да се прифати секое дете

Бидејќи децата најдобро учат во природна средина со своите врсници нашата градинка нуди еднакви можности како и целосна флексибилност во задоволување на специфичните потреби на сите деца, се прилагодува начинот на работа така да се излегува во пресрет на потребите на секое дете, а кај оние со потешкотии во развојот и дополнителна помош. Се применуваат различни и ефективни стратегии за организирање на занималната во која се почитуваат разликите помеѓу децата, што подразбира правилна организација ов просторот, дидактичките материјали и средства, креативно уредување, како во внатрешниот простор така и во надворешниот.

СОРАБОТКА СО СЕМЕЈСТВО

Воспоставуваме континуирана меѓусебната комуникација и интеракција со родителите, затоа што тоа е од особено значење за децата и нивниот правилен развој. Ние ја почитуваме важноста на семејството како прва и важна средина во која детето ги добива првите искуства. Соработката со семејствата е важен предуслов за оптимален развој на детето и нашата професионална улога е да ги усогласиме ставовите и очекувањата и да остваруваме заеднички резултати. Се стремиме и ја негуваме довербата, отвореноста, толеранцијата и спремноста за почитување на личните и професионалните компетенции преку размена на информации за детето

 

Корисни линкови