ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА СОВЕТУВАЛИШТЕ ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ „ ВИНОЖИТО “
Согласно член 169 став 2 од Законот за заштита на децата ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “- Неготино започна со работа Советувалиште за деца и родители „ Виножито “.
Работата во советувалиштето ќе ја врши тим составен од педагог, психолог, логопед и ликовен соработник. Секој член на стучниот тим подготвува своја програма за работа и работи во своите матични канцеларии, а по потреба и заедно во друга просторија од детската градинка. Тимот од советувалиштето за деца и родители „ Виножито “ ќе ја користи богатата стручна литература и постојните аудио-визуелни средства .
Советувалиштето ќе има за цел целосно да пружи целосна подршка на родителите и децата , да даде совети во поглед на сите проблеми и нејаснотии кои се поврзани за престојот на детето во градинка , но и помош и совет за животот на детето во семејството. Целосно ќе работи на надминување на проблемите што се јавуваат кај децата и помош за нивно прилагодување на условите во градинката. Советувалиштето ќе дава советодавни услуги на раководството на градинката во секојдневното работење со цел унапредување на целокупната дејност на градинката. Работата на советувалиштето ќе биде насочена и во остварување на соработка со надворешни заедници и институции со цел осовременување и напредок на работа во градинката.
Мисијата на советувалиштето за деца и родители „ Виножито “ е градење и зацврстување на партнерски однос ДЕТЕ _ СЕМЕЈСТВО _ ГРАДИНКА со цел формирање на здрава детска личност.
Својата работа ќе ја планира и реализира преку следните форми на работа :
- индивидуални средби
- групни средби
- форум сеанси
- терапија преку игра
- советодни сеанси
- психотерапија
- трибини
- едукативни работилници
- родителска средби
1.Советување за деца
- помош при адаптација во градинка
- помош во прилагодување на децата кон условите на средината во детската градинка;
- помош на деца со семејни проблеми
- помош на деца со развојни кризи
- помош на деца со говорни одстапувања
- помош на деца со воспитно-образовни поешкотии
- работа со надарени деца
- помош при премин на децата од една во друга воспитна група или од една во друга градинка и транзиција во училиште;
- работа со деца кои имаат АДХД
2.Советување за родители
- семејно советување (со двајцата родители);
- поддршка на родителите во обезбедувањето на
- оптимални услови за развој на детето во семејната средина преку подигнување на нивото на педагошка едукација;
- помош при тешка адаптација во нова средина
- педагошки совети за воспитување
- психолошки третмани при нарушени семејни односи
- логопедски третман – насоки
- помош при препознавање на специфични развојни проблемитепедагошки совети за јакнење на родителски компетенции
- споделување на ефикасни техники за работа со надарени деца
- решавање на проблеми и дилеми при негата и згрижувањето на детето
3.Соработката со надворешни заедници и институци
- – организирање и учество во стручни советувања од областа во која работи;
- – соработка со институции за обука, педагошки факултети;
- -теоретски предавања и работилници;
- -соработка со медиуми и афирмирање на градинката.
4.Организирање на стручни предавања
- – работилници;
- – семинари;
- – советувања;
- – теоретски предавања.
ПЛАН ЗА РАБОТА НА ПЕДАГОГОТ
| Содржина | Временска рамка |
РАБОТА СО ДЕЦА И РОДИТЕЛИ | Помош при адаптација на новопримените деца во градинка Дистрибуција на брошура на сите новопримени деца | Септември
|
Подготовка на извештај и програма за работа на советувалиштето и посебно на педагогот како дел од тимот | Септември
| |
Давање на информација за работата на советувалиштето за деца и родители пред стручните органи ( родителски средби,совет на воспитувачи и совет на родители ) | Септември континуирано во текот на годината | |
Давање на помош во прилагодувањето на децата кон условите во средината на детската градинка | Континуирано | |
Индивидуално детектирање на деца кои имаат одредени отстапувања и потешкотии во развојот | Континуирано | |
Опсервирање на детектираните деца од страна на педагогот и од страна на воспитниот тим | Континуирано | |
Индивидуални средби со соодветните воспитувачи каде се опсервира детето | Континуирано | |
Отварање на досие за секое детектирано дете и соодветно на тоа водење на опсервациони листи | Континуирано | |
Помош и работа со деца кои имаат семејни проблеми и развојни кризи преку индивидуални средби и секако преку индивидуални средби со родителите | континуирано | |
Детектирање на деца кои имаат АДХД и наоѓање на начини за нивно канализирање во секојдневниот живот во детската градинка | континуирано | |
Индивидуална и групна работа со деца кои покажуваат одредени отстапувања во однесувањето(знаци на асоцијално однесување,агресивност и сл) и помош на деца од социјално ранливи категории | ||
Присуство на родителски средби по потреба и на барање на воспитниот тим | континуирано | |
Семејно советување на двајца родители ( само во случај на потреба или некакво отстапување на нивното дете ) | По потреба | |
СТРУЧНИ ПРЕДАВАЊА, РАБОТИЛНИЦИ, ФОРУМ СЕАНСИ И СОВЕТУВАЊА | Подготовка на работилница за родители „ Влијанието на технологијата врз развојот на детето “ | Октомври
|
Реализација на работилница за родители „ Влијанието на технологијата врз развојот на детето “ | Октомври – ноември | |
Организирање на форум сеанса за помош на деца кои имаат одредени потешкотии во својот развој со родители, воспитен тим и соодветни стручни лица | Декември – јануари
| |
Подготовка на работилница со родители и воспитен тим на тема „ Надарени деца – идетификација и методи на работа “ или „ Нашата занимална без насилство “ | Фебруари
| |
Реализација на работилница со родители и воспитен тим на тема „ Надарени деца – идетификација и методи на работа “ или „ Нашата занимална без насилство “ | Март
| |
Подготовка на работилница за родители чии деца завршуваат со престој во детската градинка за полесна адаптација во основно училиште | Мај
| |
Реализација на работилница за родители „ Моето дете – успешен ученик | Мај
|
ПЛАН ЗА РАБОТА НА ДЕФЕКТОЛОГ – ЛОГОПЕД
Област на професионално делување и форми на работа
- Следење на говорно-јазичниот развој кај децата на одредена возраст
- Следење на целокупниот психофизички развој кај децата
- Средби со родители -(индивидуални и групни средби) иницирани од родителите или стручното лице со давање на стручни совети и конкретни инструкции за работа: – Средби со родители на деца со потешкотии во психофизичкиот развој – Средби со родители на деца со забавен говорно-јазичен развој – Средби со родители на деца со одредени говорни отстапувања(отстапувања во правилниот изговор на говорните гласови, потешкотии во употреба на правилна граматика, отстапување во правилниот ритам и темпо на говорот и отстапувања во сите други аспекти на говорот
- Соработка со останатите стручни лица во Советувалиштето, посебно за деца со потешкотии во психофизичкиот развој
- Соработка со воспитниот тим во установата, посебно со воспитувачи на воспитни групи кои имаат деца со потешкотии во развојот или деца со забавен говорно-јазичен развој
- Учество на родителски средби во сите воспитни групи
- Реализирање на едукативна работилница на тема ,,Развој на говорот во предучилишна возраст,, или тема по избор на родителите.
ПЛАН ЗА РАБОТА НА ПСИХОЛОГОТ
Во рамките на Советувалиштето за деца и родители вклучен е и стручниот соработник – психолог, со давање на стручна помош од областа на психологијата. Советувалиштето е проширување и надополнување на основната професионална дејност на психологот.
Област на професионално делување и форми на работа :
- Следење на психофизичкиот развој на децата
- Средби со родители ( индивидуални и групни ) на барање на родителите или иницирани од наша страна
- Совети на родители од областа на адаптацијата на децата, проблеми во семејството и пошироко
- Индивидуални разговори со родителите кои имаат деца со пречки во развојот со цел да им се помогне на децата во делот на социјализацијата и на родителите во начинот на одгледување и воспитување на нивните деца
- Соработка со стручните лица од установата -педагог, дефектолог логопед, воспитен тим па и пошироко
- Соработка со воспитувачите на воспитните групи кои имаат деца со потешкотии во развојот
- учество на родителски средби во сите воспитни групи
- реализација на едукативни работилници
Предлог теми :
- Детето и семејството- семејството и градинката
- Доаѓање на нов член во семејството – подготовка на семејството
- Како да воспитате среќно дете – почит спрема детето , комплетна личност