info@gradinkanegotino.com.mk
+389 43 361 652

РЕАЛИЗИРАНИ И ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

Проект Голем ден Велигден

Целта на овој проект е да се негува и пренесува духовното и културното богатство на нашиот народ, традицијата и обичаите да се негуваа од мали нозе  . како најголем христијански празник е посебно интересен за децата  бидејќи носи радост и пријатни емоционални доживувања во семејството  и градинката преку разни активности  и игри поврзани со него.

Од 2009 година овој Проект се реализира секоја година во периодот две недели пред големиот празник и тоа прерасна во традицијадо ден денес

ПРОЕКТ     И ЈАС САКАМ ДА БИДАМ КАКО…

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ – да се поттикнуваат децата преку нивните родители  да бидат активни во реализирање на повеќе активности понудени од воспитниот тим на градинката  во периодот наречен ОСТАНИ ДОМА.

ЦЕЛНА ГРУПА – децата кои  ја посетуваат градинката  Фемо Кулаков од Неготино

ПОРАКА – драги родители, вклучете се активно  во  концептот е- игра и учење во деновите кои ги поминуваме дома и покажете му на вашето дете дека го сакате ,се грижите за него и дека најважно  од се ви е неговото воспитување и образование

ОПИС НА ПРОЕКТОТ-  на децата преку родителите ќе им ги претставиме Веселко ( од рускиот збор Пролет) и Маја  ( мајски цвет) кои исто така седат дома како и сите деца во овој момент кои ќе бидат пример за родителите како  нивното дете да се поистовети со нив користејќи ја фразата И ЈАС САКАМ ДА БИДАМ КАКО ВЕСЕЛКО И МАЈА. Веселко е 3 години , Маја е 5 години тие  се другарчиња од градинка, но во моментот се дома.  Деновите поминати дома заедно со нивните родители тие ги поминуваат квалитетно и содржински и тоа сакаат да го споделат со другите деца од градинката    Тие ќе ги водат децата низ активностите во текот на денот кои би ги поделиле  во будење , културни-хигиенски навики,средување на собата и креветот ,соблекување и облекување на облека и обувки,подготовка на  оброци и конзумирзње на храната ,слободни игри , разни едукативни игри од сите домени, добра ноќ.   Веселко и Маја ќе им даваат примери ,а тие да се поистоветуваат со нив И ЈАС МОЖАМ ДА БИДАМ КАКО ВЕСЕЛКО И МАЈА.

Проект Екологија

Еко проектот се реализира во сите возрасни групи од 2-6 години. Целта на овој проект е, кај децата да ја развиеме:
-еколошката свест
-разбирањето на природните процеси
-поттикнување на позитивни ставови према околината и природата
Преку планираните и реализирани активности  детето учи за природата врз основа на сопственото искуство, користење на природата и природните материјали во процесот на учење и се создава позитивен однос према растителниот и животинскиот свет.
Преку игра, откриваме и учиме  :

  • да садиме семе, откриваме како расте, цвета или класи
  • ги негуваме и се грижиме за растенијата
  • учиме како земјата, водата и сонцето се важни за нив и како можеме да ги заштитиме и зачуваме да бидат здрави.
  • сами правиме салата, колачиња-здрава храна и чај од нашата градина
  • учиме да ракуваме со алатот за во градина
  • одиме на излет во природа
  • смислуваме и раскажуваме еко приказни, глумиме, играме и пееме за нашата еко средина и сл.
Проект Музиката и танцување низ светот

Тргнувајќи од фактот, дека музиката за детето представува извор на задоволство, позитивна емоција, естетско доживување и е составен дел од секојдневното детско искуство, дојдовме на идеја во нашата градинка да реализираме проект кој го нарековме  „ Со музика околу светот “

Целта на овој проект ни беше да го доближиме  до детето волшебниот свет на музиката, да ги запознаеме со карактеристичните ритмови од целиот свет се, со една единствена цел да го развиеме сензибилитетот на детето за музика и нејзините различни елементи низ игра и движење, а во исто време преку музиката и ритамот децата да се запознаат  со различни култури од целиот свет.

Во овој проект беа вклучени деца на возраст од 2-6 години во шест возрасни групи.

При реализација на проектот, реазлизиравме работилници со родители за изработка на музички инструменти,  гости – соло пеачи, инструменталисти на клавир, хармоника и виолина, а остваривме и соработка со основното музичко училиште во нашиот град, кој одржаа концерт  во градинката.

Проектот имаше своја завршница  во спортската сала Младост , во која учесници беа децата од нашата градинка.

Проект – Билингвална  занимална

Во  соработка со Француската Амбасада и Францускиот културен центар, а по иницијатива на  проф. Радица Лазова ( професор по француски јазик во средното училиште во Неготино), во нашата градинка се реализираше проектот  „Билингвална занимална “.Во двете основни училишта и во средното училиште од нашиот град,  функционираат билинглавни паралелки,  во кои освен на мајчиниот ( македонски јазик ) наставата се одржува и на француски јазик.   Од таа причина , со цел децата да имаат континуитет во изучувањето на францускиот јазик го прифативме предизвикот и го реализиравме овој проект .  Целта беше всушност  децата да се запозаат со францускиот јазик и култура , како и да се поттикне љубовта кон изучувањето на овој јазик од најмали нозе.Од Францускиот културен центар на воспитувачите – ентузијасти им  беше овозможено изучување на францускиот  јазик и воедно полагање за сертификат – Ниво А1 .

Децата се запознаа со француската азбука,  песнички и активности за изучување на зборови и фрази  на француски јазик потпомогнати со материјали за работа од Францускиот културен центар и  лектор од Франција – Корали Ашар која  во текот на целата година, еднаш неделно доаѓаше во нашата градинка и со задоволство ја следеше и потпомагаше нашата работа и секако го следеше напредокот на децата .

Во чест на „Деновите на Франкофонијата“  , со децата подготвивме приредба на која присуствуваше г-н Аташе Жерар Лезје , г-ца Корали Ашар , проф. Радица Лазова , како и наставниците од ОУ „Гоце Делчев “ кои работат во билингвалните паралелки , градоначалникот и секако родителите на децата . Г-н културен Аташе Жерар Лезје , беше воодушевен од постигнатите резултати со децата .

ПРОЕКТ „ СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ “
Со децата од детската градинка  се реализира проектот насловен како „ Срце за животните“ Главна цел на ваквиот начин на активности е преку интелектуални и практични активности да се задоволи љубопитноста кај децата и  се поттикнат сите компоненти на детската личност, поттикнување на креативноста, интересот, фантазијата и многу други позитивни карактеристики и емоции кои ја карактеризираат нивната возраст. Децата работејќи на планираните проектни активности, со овој проект  имаа можност да ги запознаат, да се грижат, да ги набљудуваат, да поставуваат многу прашања, да истражуваат за домашните миленичиња. Во детската градинка веќе се формираат катчиња во кои ги сместивме миленичиња . Донирани беа многу миленици: желката, мала водена желка, риби , маче, папагал, канаринци  и морско прасе, на кои им дадовме име. Во текот на периодот се дружевме и со многу миленици кои ни беа на гости во нашата градинка извесен период, но многу миленичиња и посетивме во нивните домови Со децата реализиравме и низа активности на тема „! Јас имам потреба и тоа има потреба„, Јас имам семејство и тоа има семејство, Јас зборувам вака и тоа се огласува вака, Јас имам другари и тоа има свои другари. Многу добро прифатени активности и игри кои кај децата поттикнаа грижа и љубов кон миленичињата. Уметничкиот дел постојано се реализираше, во склоп на секоја реализирана активност. Со различни техники се преставуваа впечатоците од запознавањето со новото милениче. Посетата во Вет Shop  беше присутна постојано, како и разговорот со ветеринарот кој работи таму. На крајот од проектот се реализираше голем Хепенинг на градскиот плоштад кој имаше огромна посетеност  
Проект „ Блиску до природата  “

Целта на проектот беше да се стекнат со знаење за лековитите билки во нашата  блиска околина каде, како растат, како и каде се берат билките како се сушат  и начин на лекување со нив во домашни услови

Проектот се реализираше во рамките на планираните активности со децата од ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ објектот Пролет

Проектот имаше завршна манифестација на градскиот плоштад каде беа изложени голем број на собрани билки од природата правилно поготвени за користење и се послужуваше топол чај на присутните намерни и ненамерни минувачи

Проект „Најубавиот цвет“
Предмет на истражување беа цветните растенија кои одгледуваат во нашиот крај во домашни услови (во цветни градини) и во оранжерии. Целта беше да се запознаат децата со значењето на најубавиот цвет , како да се однесуваме кон него, каде расте , кога цвета,начин на одгледување, размножување, пресадување.

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

                           Проект – Спорт и спортски активности

Раниот детски развој е идеално време  децата низ игра и забава, да ги усвојат здравите животни навики и  да се запознаат со важноста на спортот и спортските активности. Затоа во нашаата градинка се спроведува  програма спорт и спортски активности за деца од 3-6 години. Програмата е верифицирана од МТСП и е насочена кон поттикнување на оптималниот развој на моторичкиот и психофизичкиот потенцијал на детето.
Содржината на активностите е прилагодена на способностите и интересите на детето според возраста.
Преку оваа програма се потикнуваат следниве моторички способности :
Координација, сила, брзина, флексибилност, рамнотежа, прецизност и издржливост.
Програмата се реализра во салата на детската гадинка и на отворено доколку оддговараат временските услови
По повод роденденот на нашата градинка 10 ти мај ,традиционално организраме Детска олимпијада по клонови или на ниво на градинка.

  Проект ,,од  Дете за дете ,,  

Цел на проектот: Едукација на децата од предучилишна возраст за значењето на другарството и хуманоста, развивање на позитивен однос кон другите, взаемно помагање, љубов и разбирање.

Временска рамка :  континуирано

Реализатори на проектот:

  • воспитно-образовниот тим од ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “
  • стручен соработник – педагог
  • центар за социјални работи Неготино
  • Совет на родители

Целна група :

деца од 3- 6 години

Кратко резиме :

            Преку  проектот „ Од дете за дете “ кај децата се  поттикна хуманоста, солидарноста, социјализацијата, другарството, се развива  љубовта и позитивен однос помеѓу децата, семејствата и пошироката општествена средина.

            Со реализираните  активности во текот на учебната година, кај децата се негуваше хуманоста , другарството, секое дете кое беше поттикнато да споделува  знае да го цени добиеното.

 кај децата  се поттикне самодовербата, почитување кон другиот, надминување на предрасудите, поттикнување на правилен и позитивен однос кон секое дете, без разлика на неговата вера, националност и социјален статус. Зголемување на доверба, взаемно помагање, љубов и разбирање –  беа наши основни концепти.

Проектот Бон-тон

  Континуирано во двата клона во нашата градинка се реализираа голем број активности со теми од бон тон кај децата од 2- 6 годишна возраст .

     Со реализираните активности со стандарди од повеќе домени се подобри едукација на децата од предучилишна возраст за културно и коректно однесување , за значењето на убавото и пристојно однесување во семејството, градинката и пошироката општествена средина .

     Реализираните активности  помагнаа на малите деца да стекнат чуство на припадност , стабилност и сигурност во однесувањето во различни ситуации во домот и надвор од него . Овие вештини исто така помогнаа за поефикасна  комуникација ,  правилен и позитивен кодекс на однесување во различни ситуации , поголема толеранција , спречување на конфликтии меѓусебно почитување …

      

                       Проект  ,,Традиција и обичаи,,

       Континуирано во нашата градинка се реализираа повеќе активности од Проектот Традиција и обичаи во нашиот крај со децата од 2-6 годишна возраст во двата објекта.

           Традицијата , обичаите , манифестациите во нашиот крај се врската меѓу минатото и иднината. Ние сме дел од традицијата што не поврзува со нашите предци. Преку негување на традицијата, духот на нашите предци го поврзуваме со идните поколенија.

           Негувањето на традицијата има за цел да се оживеат заборавените традиционални обичаи, игри кои се пренесуваат од колено на колено, за стекнување на нови  знаења, навики и вештини кај децата.

Проектот Рециклирање со  имагинација     

       Континуирано во  нашата градинка се реализираа повеќе воспитно образовни активности , игри , работилници … со кои децата се стекнаа со добри животни навики и лична одговорност за заштита на животната средина . Правилно рециклирање на отпадот , намалување на обемот на мешан отпад и помало загадување на  околината .

     Во проектот активно учество зедоа децата од сите воспитни групи од двата клона на возраст од 2 – 6 години , воспитно образовниот тим на ЈУОДГ Фемо Кулаков , Стручни соработници( педагог , логопед ,ликовен педагог ) ,Родители и надворешни стручни консултанти .

      Децата се здобија со првите елементарни знаења и навики , а овие први искуства им помогнаа за да имаат поздрав начин на живот .    

      Со помош на реализираните активности децата веќе ги препознаваат материјалите за рециклирање и успешно ги класифицираат . Се поттикна мисловниот процес , помнењето , љубопитноста и креативноста , истрајноста . Децата се здобијат  со нови знаења и искуства кои во иднина ќе ги применуваат за свое добро , за доброто на сите нас , околината како и за целата планета .

 Проект „Здрави животни навики
Основна идеја за реализација на овој проект е кај децата да се развијат вештини за самостојност и независност при извршувањето на секојдневните активности со кои ќе ја поттикнеме љубовта и  грижата кон околината , активности за поттикнување на самостојноста и одговорноста на децата во различни социјални секојдневни ситуации и прифатливо и одговорно однесување .     Со реализирање на овој проект кај децата ќе се усвојат знаења  за примена на здрави животни стилови во секојдневието .
Проект „Градот низ детските очи “ 

  Со цел да се запознаеме повеќе со значајните карактеристики и обележја на нашиот град и да го прославиме ослободувањето на истиот во периодот од еден месец ќе се планираат активности на оваа тема.
Овој проект има за цел да развие кај децата љубов, интерес и чувство на припадност, патриотизам, почитување, грижа и одговорност кон својот град.
Преку планирани активности децата на возраст од 5-6 години, се запознаваат со културното и историско минато на својот град, со легендата за тоа како нашиот град го добил своето име Неготино, со значајните институции на градот (општина, пошта, банка, болница, фабрика за производство на кечап и мајонез, конфекција, стоматолоска ординација,винарска визба, училиште, библиотека,и сл.) со важните обележја ( саат кула , фурна за неготинска пита) со нашата култура и традиција.

Кај децата се поттикнува визуелна перцепција преку разгледување на фотографии, самостојно фотографирање од страна на децата, поттикнување и овозможување на креативни облици на изразување преку сликање, цртање, работа со необликуван неликовен материјал ( разни кутии, хартии и др. вид на неупотребна амбалажа).

Поддржување на детските иницијативи и љубопитството кај децата , поврзување на познато со непознато и изведување на заклучоци врз основа на реализираните активности.

Проект – „Мултикултурализам “

Овој проект се реализира во текот на целата година и се настојува кај детето да се развијат вештини за однесување, почитување на различностите и мултикултурализмот на тој начин што креира услови кои овозможуваат децата да развиваат самодоверба и сигурност во себе, да ги прифаќаат сличностите и разликите меѓу луѓето што се различни  по било која основа, да ги препознаваат постапките кои ги повредуваат другите и да ги разбираат последиците од таквите постапки и да научат како да реагираат при манифестација на стереотипи, предрасуди и дискриминација , насочена кон себе или кон другите.