Меѓусебната комуникација и интеракција меѓу родителите и воспитниот кадар е од особено значење за децата и нивниот правилен развој. Квалитетната соработка, во смисла на заеднички активности (приредби, работилници и слично) и средби, значајно придонесуваат кон
следење и правилно насочување на детскиот развој. За успешна соработка меѓу семејството и предучилишната установа најважно е да постои партнерски однос меѓу нив, како и позитивна мотивација и кај родителите и кај воспитувачите. Истражувањата покажуваат дека најуспешни се оние воспитувачи кои родителите ги сметаат за партнери, однoсно активни учесници во процесот на воспитувањето на децата (Vukomanovic, 1989).

















БРОШУРА ЗА СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ ЗА ЗДРАВА И БЕЗБЕДНА СРЕДИНА ЗА РАСТ И РАЗВОЈ НА ДЕЦАТА

