Кои сме ние - Историја
ФЕМО КУЛАКОВ – името на нашата убава градинка, полетна, весела, полна со млад живот… а во неа работат луѓе кои се исполнетети, вредни и храбри – токму како него. Првоборец од Неготино, кој својот живот го дал за нашата слобода. Горди сме што нашата градинка го носи неговото име.
ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ – Неготино е единствена на територијата на општина Неготино која се занимава со организирано опфаќање на децата од предучилишна возраст.
Таа е основана на 08.03.1960 година со решение на Народен Одбор на Општина Неготино. На овој ден донесена е одлука за институционално згрижување на децата на територијата на Општина Неготино, во простории прилагодени за згрижување на деца улица Ацо Аџи Илов денешен Центар за Социјални работи.
1977
Отворен објект „Пролет“
Лоциран на улица „Ленинова“ ги задоволува сите потребни стандарди и нормативи за згрижување и воспитување на предучилишни деца. За првпат истата година започнува со работа и првата јаслена група каде се опфаќаат деца од девет месеци па до две и пол годишна возраст.

1982
Отворен објект „Мајски Цвет“
1982 година се отвара уште еден Објект Мајски Цвет на улица „Киро Крстев“.

2013
Отворени три групи
Отворени се три групи во други просторни услови и тоа во селата Криволак, Пепелиште и Тремник кои денес функционираат како објекти за згрижување на деца со целодневен престој.

2021
Отворен објект „Темјанушка“
започна да работи уште еден објект „ Темјанушка “ , современ објект кој ги задоволува најсовремените стандарди за предучилишно опфаќање на деца.

Денес Јавната Установа Општинска Детска Градинка „ Фемо Кулаков “ од Неготино преставува поволно општествена и материјална средина со најдобри услови, средства, примери и поттици за развој на богати , разновидни и осмислени активности, во кои детето може да се вдлабочи и со нив да се занимава задоволно без пречки користејќи ги своите потенцијали за сестран развој на способностите: практично, конструктивно и творечки да дејствува, да си игра,да комуницира и да соработува со своите врсници и со возрасните во установата.
Како ден на градинката или патронен празник е 10 Мај .
Раното детство е период на најинтензивен развој во кој детето брзо се развива, квалитативно се менува и стекнува особини на социјално суштество. . Тоа е период кога се формираат основните квалитети на личноста, а на чие формирање може да се влијае со континуирано и планирано воспитно-образовно влијание.
Градинката своите програмски цели и задачи ги реализира согласно законските одредби:
- Уставот на Република Македонија,
- Законот за заштита на децата,
- Програмата за рано учење и развој ,
- Стандарди за рано учење и развој кај децата од 0 до 6 години,
- Правилник за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца,
- Декларацијата и Конвенцијата за правата на децата,
- Статутот на Установата;
- Годишна програма за работа на установата.
Во установата успешно функционираат следните органи :
- раководен орган – директор
- Управен орган
- Надзорен орган
- Стручен совет
- Други органи – Совет на родители, Совет на воспитувачи и Совет на негователи
ЈУОДГ „Фемо Кулаков “ – Неготино е место каде:
- Се обезбедува згрижување, воспитно-образовна работа, нега, исхрана, превентивна здравствена заштита, забава и игра за децата од 0 до 6 годишна возраст.
- Се следат и практицираат најсовремените трендови на згрижување и воспитување на децата следејќи ги основите на раниот детски развој, заснован на холистичкиот пристап, почитувајќи ја индивидуалноста и можностите на секое дете, следејќи ја флоскулата секое дете може, а наша должност е да му помогнеме да ги оствари сопствените потенцијали.
- Се обезбедува и креира богата и стимулативна средина преку која децата имаат можност да истражуваат, да стекнуваат нови знаења, вештини и искуства, преку основниот метод за работа со предучилишни деца – играта.
- Се излегува во пресрет на сите потреби и предизвици на родителите давајќи им поддршка во креирање на правилно и современо родителство.