info@gradinkanegotino.com.mk
+389 43 361 652

ПРОГРАМА ЗА РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ

Програма која се реализира во нашата градинка е базирани врз Стандардите за рано учење и развој. Поаѓајќи од фактот дека раното детство е важно за севкупниот развој на личноста, планирањата се насочени кон промовирање на холистичкиот пристап во поттикнувањето на раното учење и развој кај малите деца.

 Воспитувачите во градинката  преземаат активности со цел да креираат услови за сознавање и учење по пат на игра, интеракција (дете-дете, дете-возрасен), активирање во истражувачко-откривачки процеси и решавање на различни проблемски ситуации од страна на секое дете, со што се поттикнуваат и развиваат моторичките, јазичните, когнитивните и социо-емоционалните вештини.

Насочени сме кон примена на следните принципи:
 
  • Принцип на еднакви можности и почитување на различностите меѓу децата и принцип на мултикултурализам
  • Принцип на демократичност каде сите деца можат да учат. Тие заслужуваат високи очекувања во нивните достигања во процесотна учењето, а во согласност со нивната возраст и социо-културолошките карактеристики.
  • Принцип на доминација на игра и прицип на поврзување со животната реалност, затоа што децата најдобро учат преку играта.
  • Принцип на активно учење и поттикнување на различни начини на изразување која ни го овозможува средината за учење во којашто децата учат да ја поттикнува љубопитноста и е во согласност со нивните физички и емотивни потреби, со цел да се чувствуваат безбедно и да користат различни стратегии при барање решенија и одговори.
  • Принцип на усогласеност со возрасните карактеристики и принцип на индивидуализација
  • Принцип на целосност и интегритет каде содржините на стандардите ги опфаќаат сите аспекти од развојот на детската личност, без фаворизирање на одделни аспекти.Холистичкиот пристап во развојот на стандардите е основа за нивно подготвување, со оглед на тоа дека детето го осознава светот како целина.
  • Принцип на отвореност на воспитно- образовниот процес. Заедничко делување на градинката со семејството и заедницата во поттикнување на развојот на рано учење кај децата.
  • Принцип на следење и поттикнување на детскиот развој. Сите деца имаат потенцијал да постигнат најголем дел од очекуваните резултати во одредена возраст, со соодветна поддршка, инструкции и стимулација на развојот и на раното учење.
  • Принцип на развојно-процесен пристап каде учењето е самиот процес на учење
  • Принцип на критичко вреднување
  • Принцип на континуиран професионален развој на воспитувачот

Целосен документ (pdf)