info@gradinkanegotino.com.mk
+389 43 361 652
ПСИХОЛОГОТ ВЕ СОВЕТУВА !
Изолацијата на децата од социјалниот контакт со другарчињата , поттикна потреба кај родителите повеќе време да поминуваат со своите деца. Но , тоа го отвори предизвикот на родителите да ги „ заменат “ воспитувачите во ова време. Во некои моменти на дружење се јавува и стрес кај родителите, кој може ненамерно да се пренесе на децата и тие да станат агресивни, хиперактивни и анксиозни.
Децата пред себе имаат цел живот за учење, но малку време од животот е детството во кое им треба најмногу љубов од родителите. Огромна е улогата на родителите во креирањето на нивната личност. Децата се многу чуствителни на реакциите на родителите.
Како да препознаеме дека детето е вознемирено?
  • Тоа покажува знаци на досада,
  • плачливи се,
  • не знаат што сакаат,
  • бараат нешто од вас што не можете да му го овозможите,
  • нетрпеливи се,
Затоа е многу важно децата сега да ги учат повеќе животните вештини, отколку да научат било каква лекција.Затоа вклучувајте ги во вашите секојдневни активности и при тоа тие ќе научат многу повеќе.
  • Поттикнувајте ги на одговорност а со тоа ќе знаат да ги почитуваат правилата и границите
  • Пофалбата е многу важна за да се намалат негативните емоции
  • Вклучувајте ги во вашите секојдневни рутини, доколку дозволуваат
  • Играјте си со нив и планирајте ги заеднички игрите
  • Поттикнувајте ги да ви ги кажуваат нивните потреби
  • Разговарајте и одговарајте на сите поставени прашања, затоа што со тоа ја градите нивната самодоверба
  • Смеете се , употребувајте го хуморот- тоа е сега многу потребно
  • Канализирајте ги негативните „ испади “ на вашето дете
  • Пренасучувајте ги негативните емоции во позитивни
  • Споделувајте ги и зборувајте за емоциите
Здраво информирање !
За да изградиме емоционално и социјално здрави и свесни деца неопходно е да им даваме добар пример бидејќи децата учат од она што го гледаат !