info@gradinkanegotino.com.mk
+389 43 361 652

Основи на програмата за социјална кохезија и културен дијалог

Научните докази нагласуваат дека Раното учење и грижата за децата е клучно во развојот на целокупната архитектура и извршните функции на мозокот и има огромни последици во текот на целиот живот. Развојот на когнитивните вештини , социјалната и емоционалната интелигенција и физичката и менталната благосостојба во раното детство формираат основа за идно учење, личен развој и животини достигнувања кај секој поеднец , како и за социјална кохезија и културен дијалог за општеството.

Иако учењето се одвива во текот на целиот живот, во ранотот детство, учењето се одвива со брзина што никогаш нема да биде постигната покасно. Научните истражувања во последните четири децении утрвдуваат дека најважниот период на човечкиот развој е од раѓањето до осмата година. Предучилишното воспитание и образование ја поставува основата за понатамошен успех во училиште и пошироко.

Децата на денешницата се идни млади, идни родители и идни лидери.  Холистичкиот пристап на кој што се базира Програмата за рано учење и развој во предучилишното образование, како и пристапот базиран на Невронауката  како основа за раното учење, кај децата обезбедува поседување на самопочитување и самодоверба, самосвесност и саморегулација, социјална свест и вештини за создавање на интеракција со околината, ментална благосостојба и отпорност кон разни предизвици, вештини за одговорно донесување на одлуки и подговтеност да бидат позитивни и продуктивни во нивната заедница и светот во кој живеат.

Добро обучен, континуирано поддржан и компетентен персонал, најверојатно ќе обезбеди високо квалитетна педагогија и услови за учење , што пак го поттикнува целокупниот развој на децата и ги зголемува резултатите од учењето.

Програмата  „Социјална кохезија и културен дијалог “  која во моментот се реализира во нашата градинка има за цел поддршка на активности што придонесуваат за јакнење на социо- емоционалниот развој кај децата,  конструктивизам,  учење засновано на проблеми (разрешување на конфликти)  и учење базирано на игра.

Социо- емционалните вештини се исто толку важни колку и когнитивните вештини и ја зголемуваат способноста на детето да учи,  да работи со други , да обрнува внимание во занималната и да развива други вештини кои ја формираат основата за учење и социјалната интеракција во училишните години и подоцна во животот.

Сето ова го остваруваме со помош на техники и алатки кои ни ги нуди оваа програма:

Основите на програмата за  „Социјална кохезија и културен дијалог “  создаваат  нови можности за високи перформанси на вработените во предучилишните установи. 

На почетокот за оваа прграма беа обучени тројца воспитувачи директно од         Др. Ребека Грејџер – Елис од  Џон Хопкинс Универзитетот. Преку  неделно колаборативно менторство и време за планирање, беа обучени сите останати воспитувачи во нашата градинка со сите стратегии за невро- едукација, за да ги задоволат специфичните развојни потреби на малите деца.  Воспитувачите за колегијална поддршка на останатите воспитувачи им дадоа индивидуална поддршка во занималната преку активности како што се – демонстрација или моделирање, тимско учење , спроведување на обсервација и обезбедување на автентични и конструктивни повратни информации со што воедно се зајакнаа и професионалните заедници за учење.

Проектот  има за цел поддршка на активности што придонесуваат за зајакнување на професионалниот развој на воспитувачите во предучилишните установи. Овој проект е поддржан од Светска Банка , УНИЦЕФ,  Британска Влада и Др. Ребека Грејнџер- Елис .